Во Брисел денеска тристрани преговори меѓу Украина, Русија и ЕУ за рускиот гас

Од:

Претставници на Украина, Русија и Европската комисија утре денеска во Брисел ќе се сретнат за продолжување на преговорите за решавање на спорот со цените на гасот, соопшти ЕК.

Се предвидува тристраната средба, иницирана од ЕК, да почне во 17 часот по Гринич. Планирано е на неа да присуствува европскиот комесар за енергетика Гинтер Јотингер, рускиот министер за енергетика Александар Новак и украинскиот министер за енергетика Јуриј Продан.

Во соопштението на ЕК се наведува дека на средбата, исто така, ќе учествуваат и шефовите на Газпром и Нафтогаз Алексеј Милер и Андриј Коболев, кои имаа двострани консултации во текот на минатата недела.

Русија се заканува да ја запре испораката на гас за Украина, ако Киев не плати за јунските достави до 10 јуни.

Бугарскиот премиер Пламен Орешарски вчера по средбата со група американски сенатори, соопшти дека Бугарија ја прекинува работата на проектот „Јужен поток“. Поради тоа се очекува на денешната средба во Брисел, меѓу другото, да стане збор и за проектот „Јужен поток“.

Би можело да ве интересира

Фицо го навреди Зеленски, но ја пофали Русија: Оди наоколу и моли, Русите никогаш не не излажале

Предраг Петровиќ

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

Српската влада формираше тимови за преговори со Русија за долгорочен план за снабдување со гас

Катерина Ѓуровски

Путин: Нема време да се потпише нов договор за транзит на гас со Украина

Русија годинава извезла повеќе гас во Европа отколку во 2023 година