Бразилската полиција уапсила 108 лица во најголемата полициска акција против педофили во историјата на Латинска Америка.
Министерот за правда Торквато Јардим изјави дека лицата што се во притвор биле учесници во синџир кој делел порнографски фотографии од деца преку телефони и компјутери.
Како што пренесува Би-Би-Си, операцијата следела по завршувањето на шестмесечната истрага во која учествувале претставници на САД и Европа за миграција.
Истражителите пронашле повеќе од 150.000 фајлови кои содржеле вознемирувачки фотографии меѓу кои имало и фотографии од злоставување на бебиња и деца, а некои од децата и тинејџерите откриле дека нивните родители или роднини учествувале во тоа.
Меѓу уапсените има и полицајци во пензија, државни службеници и луѓе задолжени за младински фудбалски клубови.
Се уште не е познато дали овој синџир на педофили функционирал независно во Бразил, или бил поврзан со други криминални мрежи во странство.