Во Бразил уапсен најголемиот сериски убиец

Од:

Бразилската полиција го уапси најголемиот сериски убиец во Бразил, кој призна дека убил 42 лица во период од десет години во Рио де Женеиро.

Сајлсон Жозе дас Грацаш бил уапсен кусо откако избодел до смрт жена во преградие на мегалополисот. За време на сослушувањето тој признал дека убил 37 жени, тројца мажи и двегодишно девојче.

Засега полицијата ги пронашла телата на четири од жртвите на серискиот убиец.

Дас Грацаш признал дека преферирал да убива бели жени, кои најчесто ги задушувал. За време на сослушувањето тој изјавил дека убивал, бидејќи на тој начин чувствувал како му се покачува адреналинот.

Според експерти тој најверојатно е психопат, кој сакап да го привлече вниманието на медумите. Дас Грацас ќе биде подложен на психолошка анализа.

Припадник на обезбедување во градот Гојанија во октомври призна дека убил 39 лица, а неодамна во Сао Паоло беше уапсен сериски убиец, кој обезглавувал жртви по примерот на талибанците.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски