Бразилците денеска избираат шеф на државата, членови на националниот конгрес и на парламентите во сојузните држави, како и гувернери.
Се очекува на претседателските избори повторно да победи Дилма Русеф, која е кандидат на Работничката партија, а според резултатите од најновите анкети таа во вториот круг од гласањето, на 26 октомври, би можела да освои 47 отсто од гласовите.
Нејзината до неодамна главна противкандидатка, активистката за заштита на животната средина и кандидат на социјалистите Марина Силва, во изминатите недели загуби дел од поддршката на избирачите, што е дури и неизвесно дали ќе може да влезе во вториот круг, бидејќи е речиси изедначена со третопласираниот кандидат на социјалдемократите Аесио Невеш.
Прогнозите се дека во првиот круг од изборите Русеф ќе освои 40 отсто, Силва 24, а Невеш 21 процент од гласовите.
Во најголемиот бразилски град Рио де Женеиро денеска ќе бидат зајакнати безбедносните мерки, со цел да не се повтори насилството по гласањето во 2010 година, кога беа запалени десетици автобуси. Низ улиците на Рио ќе бидат распоредени повеќе од 22.000 полицајци кои ќе обезбедат изборите на се одвиваат без инциденти.