Во Бразил формирана нова Влада

Од:

Вршителот на должност претседател на Бразил, Мишел Темер вчера формира нова Влада, јави ТАСС.

Церемонијата на стапување на должност се одржат во официјалната резиденција на претседателот, палатата Планалто во главниот град Бразилија.

Во првото обраќање пред Бразилците како претседател Темер изјави дека негов приоритет ќе биде заживувањето на бразилската економија.

Досегашниот заменик-претседател ја презеде претседателската функција вчера, откако Сенатот гласаше за отстранување од функцијата на Дилма Русеф во рамки на процедурата за импичмент.

Темер повика кабинетот составен од него да се претвори во Влада за национален спас, како и земјата да се обедини.

– Имаме итна потреба да ги надминеме поделбите во општеството и да ја обединиме земјата. Итно ни е потребна влада на национален спас, посочи тој.

– Целосно сум уверен дека треба да ја вратиме довербата кон Бразил и да привлечеме инвестиции и да создадеме работни места, нагласи 75-годишниот Темер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск