Во борбите меѓу екстремистите на Исламската држава (ИД) и курдските сили во североисточна Сирија загинаа 373 луѓе, го соопшти новиот биланс Сириската опсерваторија за човекови права (ОСДХ).
Борбите започнаа на 20 јануари со напад на екстремистичката група Исламска држава врз затворот Гвајран, еден од најголемите каде се држат екстремистите во Сирија, и принуди илјадници цивили да ги напуштат своите домови во зимски услови.
Сириската опсерваторија за човекови права во извештајот посочува дека меѓу убиените има 268 џихадисти, 98 припадници на курдските сили и седум цивили.
Бројот на жртви е зголемен бидејќи при претресот во затворските згради и околните населби биле пронајдени нови тела на Курди и џихадисти, наведува ОСДХ.
Извор: МИА