Во бомбашкиот напад во Каиро најмалку 29 повредени

Од:

Најмалку 29 лица се ранети, од кои шестмина се полицајци, во експлозијата на автомобил бомба кај една од зградите на службата за безбедност и судот во северното предградие на Каиро, Шубра ал-Каими, јавија светските агенции, повикувајќи се на безбедносни извори.

Властите наведуваат дека експлозивната направа со голем капацитет била детонирана од далечина.

Од детонацијата е оштетена фасадата на зградата, а на местото на експлозијата веќе се наоѓаат противпожарни екипи, итна помош и полиција.

Од експлозијата е направен голем кратер, а околните автомобили се изгорени, наведуваат британските медиуми.

Според твитови на Твитер, експлозијата се слушнала во неколку делови на главниот град на Египет.

Сопственикот на една продавница изјавил дека видел кога еден маж  го паркира својот автомобил, што подоцна експлодирал.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Кон крајот на јуни и почетокот на јули во Каиро се случија два терористички напада, во јули кај конзулатот на Италија за кој одговорноста ја презеде Исламска држава, а во јуни имаше екплозија кај претседателската палата.

Британските медиуми потсетуваат дека одговорноста за нападите врз безбедносните сили претходно ја преземаа екстремистите стационирани на полуостровот Синај, приврзаници на ИД, која контролира големи делови од Ирак и Сирија, а присутна е и на територијата на Либија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува