Најмалку 40 лица загинаа, а 15 се повредени во експлозија на камион-бомба во центарот на главниот град на Сомалија, Могадишу.
– Тоа беше камион-бомба. Експлодира на раскрсницата К5, изјави полицаецот Мухамед Хусеин.
Според очевидците поголемиот број од жртвите се цивили.
Се уште никој нема преземено одговорност за нападот, но екстремистичката група Ал Шабаб често извршува бомбашки напади во Сомалија.