Во експлозија на бомба во местото Ганихејл во источната авганистанска проивинција Нангархар загинаа 14 членови на едно семејство, од кои седум жени и седум деца.
Во нападот повредени се четири лица.
Нападот се случил на првиот ден од празникот Рамазан Бајрам кога голем број муслимани ги посетуваат гробиштата.
По повод Рамазан Бајрам авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ги повика талибанските бунтовници да ги прекинат нападите.