Во бомбардирање во Етиопија загинаа 17 цивили

Од:

Во етиопскиот регион Тигреј, 17 цивили загинаа во бомбардирање од страна на армијата, соопштија локалните власти.

Истиот ден, американскиот претседател Џо Бајден телефонски разговараше со етиопскиот премиер Аби Ахмед и изрази загриженост за војната меѓу етиопската влада и бунтовниците која се води во Тигреј.

Повеќето од жртвите биле работници кои работеле во мелницата во областа Маи Цебри.

Напади со беспилотни летала во регионот се случуваат речиси секој ден, изјави хуманитарен работник.

Етиопската влада и војската засега не одговорија на коментарите за овој напад.

Во телефонскиот разговор, Бајден изрази загриженост поради апсењето и убивањето на цивили во Тигреј, но ја пофали Владата за помилувањето на бунтовнички водачи пред неколку дена.

Белата куќа во соопштението наведе дека двајцата лидери разговарале за начините за воспоставување дијалог со кој би се постигнал мир.

Војната во регионот на Тигреј влезе во нова фаза во декември, кога бунтовничките сили се повлекоа по офанзивата на етиопската армија.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Етиопија

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од пет степени ја погоди Етиопија

Силен земјотрес ја погоди Етиопија

(ВИДЕО) Брод со украинска пченица стигна во Етиопија: „Испраќаме храна, испраќаме надеж

Тедрос: Мали се шансите да се спречи геноцид во Тиграј

Ана Ололовска

Бунтовниците од Тиграј се согласија на мировни разговори со етиопската Влада

Ана Ололовска