Во болница во Романија со коронавирус се заразени 34 лекари и 49 медицински сестри

Од:

Триесет и четири лекари од регионалната болница Сучева, Северна Романија, се заразени со новиот коронавирус, соопшти Министерството за здравство на Романија.

Романското Министерство за здравство соопшти дека од вкупно 233 лекари во болницата, 34 се позитивни на коронавирусот и се сместени на клиниката за инфективни болести, а останатите се во 14 дневна домашна изолација.

Министерството за здравство, исто така, известува дека 49 медицински сестри и болничари од истата болница, исто така, се позитивни на коронавирусот и се хоспитализирани во градската инфективна болница.

Тимот на романското Министерство за здравство одлучи да ја претвори регионалната болница Сучева во место за лекување лица заразени со новиот коронавирус, откако ќе биде дезинфицирана.

Министерството одвои пет милиони леи (еден милион евра) за продолжување на инвестициите и опрема за новата болница Фалтицени.

Дирекцијата за јавно здравје во Сучева доби 750.000 леи (155.000 евра) за набавка на систем за молекуларни анализи.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген