Досега најголемиот отпечаток од стапало на диносаурус на светот, чиј пречник изнесува повеќе од еден метар, е пронајден во близина на главниот град на Боливја, Сукре.
Како што јави Би-Би-Си, се проценува дека овој џиновски отпечаток е стар повеќе од десет милиони години и му припаѓа на вид од двонижните месојади „Абелисауриџ“.
Отпечатокот е пронајден под купишта камења, за кои се претпоставува дека овозможиле тој да биде зачуван толку долго време.
– Според големината на отпечатокот, може со сигурност да се тврди дека овој изумрен вид бил висок околу 12 метри, изјави боливски палеонтолог, кој го анализирал откритието.
Се проценува дека вообичаена висина на овој вид диносуруси била околу девет метри. Според научниците, пред околу 18 милиони години во оваа област живееле голем број праисториски животни, имајќи предвид дека досега таму се пронајдени околу илјада отпечатоци.
Во близина на наоѓалиштето ќе биде отворен парк на диносауруси, каде луѓето ќе имаат можност да видат реплики на отпечатоци на диносауруси од различни видови.