Во близина на западниот австралиски брег пронајден непознат потонат брод

Од:

Екипата која е во потрага по остатоците од малезискиот авион на летот 370, денеска во водите во близина на западниот австралиски брег пронашла потонат брод, што некогаш веројатно доживеал бродолом, пренесува Танјуг.

Австралискиот завод за безбедност во сообраќајот наведе дека до неочекуваното  откритие се дошло кога сонарот од еден од бродовите за пребарување на длабочина од речиси четири километри под површината на Индискиот Океан открил непознат објект.

Поблиското набљудување на остатоците откриле дека станува збор за објект што бил направен од луѓе, така што екипажот спуштил камера на дното. Анализата на фотографиите покажала дека станува збор за брод што доживеал  несреќа, а кој не бил нацртан на мапата.

Подморските археолози сега ги испитуваат фотографиите во обид да го идентификуваат бродот.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски