Во близина на брегот на Панама запленет 1,5 тон кокаин

Од:

Американските цариници, заедно со полицијата на Панама, запленија 1,5 тон чист кокаин и уапсија четворица колумбиски државјани, соопштија денеска официјални претставници на САД.

Американската служба за царинска и погранична заштита соопшти дека нејзино летало, додека патролирано на отворено море во близина на Панама Сити, воочило глисер во кој се наоѓале четири лица, буриња за гориво и поголем број пакети, јавија американските медиуми.

Екипажот на леталото ја информирал панамската полиција и на локацијата на која глисерот се наоѓал биле испратени три панамски пресретнувачи.

Глисерот запрел дури откако панамската полиција истрелала куршуми за предупредување, а сите четворица осомничени, кои имаат колумбиско државјанство, се уапсени бидејќи во бурињата е откриен кокаин.

Вредноста на запленатата дрога се проценува на 242 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Во Србија запленета голема количина на дрога

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

Во камион на „Богородица“ откриена е голема количина на дрога

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда