Во Белгија уапсен „клучниот човек“ на сомалиските пирати

Од:

Белгиските власти го уапсија „клучниот човек“ на сомалиските пирати, намамувајќи го да дојде од Сомалија со ветување дека ќе учествува во филмски проект, соопшти денеска Јавниот обвинител, Јохан Делмуле.

Мохамед Абди Хасан, познат под псевдонимот Афјан, е уапсен на меѓународниот аеродром во Брисел изминатиот викенд и веднаш е притворен.

– Наместо потпишување договор за учество во документарен филм како стручен советник, Абди Хасан е обвинет за киднапирање на белгискиот брод „Помпеј“ со деветчлен екипаж во 2009 година и за учество во криминална организација, истакна Делмуле.

ОН соопштија дека Абди Хасан е „еден од најозлогласените и највлијателните клучни луѓе на најголемата сомалиска пиратска организација“.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија