Во Барселона се очекуваат антисепаратистички демонстрации

Од:

Голем број луѓе се очекуваат денеска во Барселона на демонстрации против плановите на каталонските сепаратисти да прогласат независност по референдумот одржан пред една недела.

Демонстрациите следуваат откако премиерот на Шпанија Маријано Рахој предупреди дека централната власт ќе спречи „декларација за независност“ на Каталонија која според него, „нема да предизвика ништо“.

– Владата ќе спречи декларацијата за независност да предизвика било што, изјави Рахој во прво интервју за шпански медиуми од почетокот на кризата меѓу Мадрид и Барселона.

– Шпанија ќе остане Шпанија и тоа ќе продолжи долго, долго, изјави Рахој за Ел Паис.

На демонстрациите во каталонскиот главен град се очекуваат луѓе од цела Шпанија. Организатор е Каталонското цивилно општество, (Societat Civil Catalana), главна група што се противи на независност на Каталонија. Почетокот е закажан за напладне, јавуваат локални медиуми.

Десетици илјади демонстранти вчера протестираа во Мадрид и други шпански градови барајќи дијалог и прекин на несогласувањата.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата