Судот за воени злосторства во Бангладеш денес осуди еден од лидерите на опозицијата на смртна казна, што е седма ваква пресуда на судот, кој е основан за да донесува решенија за злосторствата направени во текот на војната за незавиноста.
Салаудин Кауадер Човдхури, пратеник од главната опозициска Националистичка партија на Бангладеш е обвинет за малтретирање, силување и геноцид во текот на војната за независност од Пакистан во 1971 година.
Опозицијата го осуди процесот како политички мотивиран, пред изборите кои треба да се одржат во јануари. Повеќе од 100 лица загинаа во протестите против пресудата на судот за воени злосторства од почетокот на годината.
Човдхури е обвинет за убиство на 200 цивили и соработка со пакистанската армија во убиства и малтретирање на невооружени лица, како и други злосторства, пренесе „Ројтерс“.
Илјадници припадници на силите за безбедност денес патролираат на улиците на главниот град во Бангладеш и родното место на Човдхури, во настојување да ги спречат нередите по повод изрекувањето на пресудата.
Елена Георгиевска