Траект со околу 250 патници денеска се преврти во реката Падма, во дистриктот Муншиданџ, околу 30 километри југозападно од главниот град на Бангладеш, Дака.
Според шефот на администрацијата на дистриктот Муншиганџ, Мохамед Саифул хасан Бадал, сто патници се спасени, а дека се уште нема информации за бројот на жртвите.
На местото на несреќата се спасувачки екипи и припадници на армијата.
Поголемиот број на патници се враќале во своите домови од прославата на празникот Еид-ал Фитр, која се обележува на крајот на празнувањето на Бајрам.