Дваесет и четворица пакистански војници загинаа, кога нивниот автобус пролизгал на стрмен планински пат и паднал во длабок амбис во северозападниот дел на земјата, пренесоа американските медиуми.
Уште петмина војници се повредени.
Трагедијата се случила утринава во округот Кохистан, во провинцијата Хајбер-Пахтунхва.
Автобусот со војниците патувал од гарнизонскиот град Равалпинди за Гигит, во северен Пакистан, изјави претставник на локалните власти.
Жртвите и ранетите се однесени в блиската болница.