Во автобуска несреќа во Австралија загинаа десет лица

Од:

Десет лица загинаа вчера во сообраќајна несреќа што се случи во регионот Хантер, во австралиската држава Нов Јужен Велс. Сите загинати биле во автобусот кој излетал од патот кај кружен тек. Несреќата се случила недалеку од градот Грета кога автобусот се враќал од свадбена веселба.

Возачот на автобусот, 58-годишниот Брет Ендрју Батон, ја преживеа несреќата и е пренесен во болница. Според првите резултати од полициската истрага Батон возел пребрзо во магла. Тој е уапсен и обвинет за повеќе точки за опасно возење и невнимание.

„Тој ја изгуби контролата над возилото. Очигледно, брзината беше преголема за да го помине тој кружен тек“, изјави локалниот функционер Дејвид Вадел.

Ниту една жртва се уште не е официјално идентификувана.

Би можело да ве интересира

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

САД: Се преврте автобус на автопатот 20 во Мисисипи, загинаа седум патници

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа