Во Австрија утре предвремени парламентарни избори

Од:

Околу 6,4 милиони Австријци утре ќе гласаат на предвремените парламентарни избори, распишани откако беше изгласана недоверба на австрискиот Праламент, првпат во повоената историја.

Пред изборите за Европскиот парламент беше објавена афера во врска со видео снимки од пред две години на кои лидерот на Либералната партија на Австрија (ФПО), Хајнц Кристијан Штрахе, наводно на роднина на еден руски милијардер му нуди државни функции за финансиска поддршка на неговата партија, по што дојде до распад на коалицијата со Народната партија (ОВП) на тогашниот канцелар Себастијан Курц.

Курц одлучи да ја прекине коалицијата со Либералите и да одржи предвремени избори, но до гласањето се обиде да продолжи да владее со формирање експертска влада, која траеше само неколку дена, бидејќи опозициските партии во Собранието изгласаа недоверба.

Граѓаните утре ќе избираат 183 пратеници, а партиските списоци ќе ги распределат мандатите според регионалните, провинциските и републичките принципи, за кои важи прагот од четири проценти.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он