Во Австрија се вклучуваат и полициски хеликоптери против трговија со луѓе

Од:

Министерката за внатрешни работи на Австрија Јохана Микл-Лајтнер нареди употреба на полициски хеликоптери во борбата против трговијата со луѓе.

Бројот на транспорт на илегалци е на високо ниво, и само во еден месец се случија десет тешки сообраќајки во кои се вмешани возила на шверцери со луѓе.

– За жал, фактите се дека бројот на транспорт на луѓе силно расте. Само во јули полицијата уапсила 90 криминалци и 5.400 илегалци, наведува таа. Микл-Лајтнер нагласи дека 16 полициски хеликоптери ќе „ловат“ типични возила на трговци со луѓе, кои таа ги нарече „мафија“. Во најава е и проширување на соработката со полицијата во Унгарија и во Италија.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски