Во Австрија прогласена тридневна жалост поради терористичкиот напад

Од:

Австриската Влада на денешната вонредна седница прогласи тридневна жалост поради терористичкиот напад што синоќа се случи во Виена, при што се убиени четири лица, а повредени се најмалку 17 луѓе.

Знамињата во сите државни институции се спуштени на половина копје, а на пладне ќе има една минута молк за жртвите. Додека утре во училиштата, според владината одлука, ќе биде одржано сеќавање на жртвите од терористичкиот напад.

– Австрија била, останала и секогаш ќе биде нација на шареноликост, дијалог и меѓусебно почитување поради што настаните од 2 ноември тешко не погодија, се наведува во одлуката на Владата.

Претседателот на Австрија, министрите, претседателот на Парламентот, како и градоначалникот на Виена денеска ќе положат венец на местото на нападот.

Според австриската Влада терористичкиот напад го оцени како „напад врз слободата и демократијата“.

Последен пат во Австрија беше прогласена четиридневна жалост по смртта на австрискиот претседател Томас Клестил во 2004 година.

Би можело да ве интересира

Повторно хаос на божиќен пазар – пијан маж се шетал со гасен пиштол во Виена

А1он

ИЕП: Рапидно зголемен бројот на убиени во западна Европа поради десничарски радикализам

Ана Ололовска

Нови детали за нападот во Виена: Видео кое открива соработник на Кујтим Фејзулаи

Катерина Ѓуровски

Виенскиот терорист Кујтим Фејзулаи бил дел од меѓународна исламистичка мрежа

Жарко Настоски

Терористот од Виена минатата пролет обезбедувал болница

Ана Ололовска

Османи кај семејството на момчето кое загина во нападот во Виена: Tероризмот е опасна закана за сите нас

Ана Ололовска