Aвстрија го ограничи движењето на невакцинираните граѓани.
На Австријците кои не се вакцинирани против ковид-19 од денеска ќе им биде дозволено да ги напуштат домовите само за да купат основни работи, да одат на работа или на лекар. Ќе има проверки за да се осигура почитувањето на мерките.
Прекршувањето на карантинот ќе се казнува со парични казни до 1.450 евра.Покраините можат да воведат и построги мерки. Во Австрија речиси секој ден има нов рекорд на нови случаи на ковид-19. Деновиве, властите регистрираа 13.000 нови случаи. Досега, вакцинирани се околу 65 отсто од Австријците. Инаку, овие мерки предизвикаа протест пред Владата. Рестрикцијата ќе трае 10 дена, со цел да се спречи ширењето на вирусот.