Голем пораст на новозаразени со коронавирус во Австрија

Од:

Во Австрија драстично се зголемува бројот на новозаразени со коронавирусот и во последните 24 часа се регистрирани 15.149 нови случаи, што е бројка што претходно беше забележана на почетокот на април.

Минатата среда беа регистрирани нешто повеќе од 12.000 нови случаи на заразени со коронавирусот.

Во последните 24 часа починаа девет лица заразени со корона.

Се зголемува и бројот на хоспитализации на заболени од Ковид-19, а во однос на вчерашниот ден е зголемен за 18 на „обичните“ одделенија и за 10 на интензивна нега, каде во моментов за живот се борат 66 лица.

Главно жариште е Виена со 3.953 новозаразени, а по неа е Долна Австрија со 3.083.

Меѓу новозаразените во последните 24 часа е и министерката за правда на Австрија, со босанско потекло, Алма Задиќ.

Таа била позитивна на коронавирусот и е во домашна изолација, од каде, како што е соопштено, продолжува со својата работа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Австрија од понеделник ги укинува сите ковид мерки

Австрија ги олеснува ограничувањата против Ковид-19

Австрија в понеделник го укинува „локдаунот“ за невакцинираните

Австрија воведува задолжителна вакцинација за сите над 18 години

Австрија го продолжи карантинот за уште десет дена

Во Австрија мерките за невакцинираните ја чинат трговијата 350 милиони евра неделно