Во Австрија во последните 24 часа се регистрирани 6.611 новозаразени лица. Најголем број е забележан во покраината Горна Австрија со 1.569, по што следат Виена со 924, Долна Австрија со 919 и Штаерска со 802 заразени.
Во моментов, хоспитализирани се 4.597 пациенти, од кои 697 се сместени на интензивна нега.
Во изминатите 24 часа починаа уште 104 лица, со што вкупниот број смртни случаи од Ковид-19 во земјата достигна 2.328.