Во австралиската држава Викторија се воведува еднонеделен карантин

Од:

Околу седум милиони жители на австралиската држава Викторија од денеска ќе бидат во еднонеделен карантин со цел да се спречи ширење на Ковид-19.

– Граѓаните на втората најнаселена австралиска сојузна држава ќе можат да ги напуштат домовите само за важни работа, од здравствени причини, за пазарување или вежбање, изјави вршителот на должноста премиерот на Викторија, Џејмс Мерлино.

Рестриктивните мерки стапуваат во сила денеска на полноќ по локално време (13 часот и 59 минути по Гринич) и ќе бидат во сила до 3 јуни.

Мерките се вовердуваат откако во изминатите 24 часа регистрирани се 12 новозаразени со Ковид-19 во Мелбурн, со што бројот на инфицирани во текот на неделата се искачи на 26 луѓе.

Би можело да ве интересира

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

Повеќе од 35 лица се повредени во судир на две воени возила во Австралија

Горан Наумовски

Австралија: Втора медицинска сестра обвинета за закани на израелски пациенти

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он