Во Австралија првпат над илјада заразени дневно со коронавирус

Од:

Австралија денеска регистрираше повеќе од 1.000 луѓе заразени со коронавирус, првпат од почетокот на епидемијата и тоа поради ширењето на делта сојот.

Нов Јужен Велс, австралиската држава во која се наоѓа Сиднеј, потврди рекордни 1.039 случаи на инфекција во изминатите 24 часа.

Повеќе од 15.000 луѓе се заразени во Сиднеј од средината на јуни, а инфекцијата се прошири во помалите градови, поради што мерките против коронавирусот се повторно воведени.

Во Мелбурн, кој се наоѓа во државата Викторија, денеска се регистрирани 80 заразени лица.

Околу 25 милиони жители на Австралија моментно се наоѓаат во карантин, а граѓаните на Сиднеј не ги напуштаат своите домови повеќе од два месеца.

Би можело да ве интересира

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

Повеќе од 35 лица се повредени во судир на две воени возила во Австралија

Горан Наумовски

Австралија: Втора медицинска сестра обвинета за закани на израелски пациенти

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он