Во Австралија почна истрага за радиото „Тудеј еф-ем“ кое ја измами британската медицинска сестра

Од:

Австралискиот медиумски надѕорен орган почна истрага за лажниот телефонски повик на радиото „Тудеј еф-ем“ од Сиднеј, што доведе до смртта на медицинската сестра во Лондон, веројатно при самоубиство.

Истрагата доаѓа откако радио водителите Мел Грејг и Мајкл Крисчн изјавија дека не носат одговорност за смртта на медицинската сестра Хасинта Салдања.

Двајцата радио водители ја префрлија одговорноста врз раководството на „Тудеј еф-ем“  и изјавија дека од нив не зависело одобрувањето на емитувањето на лажниот телефонски повик, со цел да се добијат информации за бремената Кејт Мидлтон, војвотка од Кембриџ.

Телото на Салдања беше откриено три дена по скандалот.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Масовно затворање пабови во Англија

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски