Во австралиска болница се наоѓа пациент, кој минатиот месец се вратил од Конго и кој беше подложен на тестирање за ебола, но мала е веројатноста дела тој боледува од таа болест, изјави денеска директорот на Одделението за инфективни болести, Џон Џерард.
– Мажот на возраст од 27 години е изолиран и подложен на тестирање по приемот во универзитетската болница во Квинсленд во состојба на „акутна болест“, истакна Џерард.
Тој се вратил од Златниот Брег, туристичко место во Конго, на 28 август и во австралиската болница е подложен на сите интервенции согласно протоколот.
– Резултатите од тестовите ќе бидат познати во текот на денот, истакна Џерард и додаде дека не верува оти во прашање е еболата. Тој наведе дека еден од симптомите на еболата е грозница, а пациентот моментално го нема тој симптом.
Во Конго е забележан помал број на заболени од ебола, додека најголем број заболени има во Либерија, Сиера Леоне, Гвинеја и Нигерија.
СЗО вчера соопшти дека од ебола починале 2.296 лица, додела 4.293 се заболени.