Шеесет и четири талибанци се убиени во акцијата на безбедносните сили во Авганистан, соопшти денес авганистанското Министерство за внатрешни работи.
-Авганистанската национална полиција со поддршка на владата, известувачките служби и НАТО силите изведе неколку акции во Забула, Орузгана, Газнија, Вардак, Пактиј, Хелманд и Кунар-стои во соопштението.
Во акцијата се повредени околу 12 лица, а неколку се уапсени.
Елена Георгиевска