Претседателот на авганистанската Изборна комисија во провинцијата Кундуз убиен е од огнено оружје, соопшти полицијата.
Аманулах Аман бил убиен од непознат напаѓач кој управувал со мотор. Според Би-Би-Си, засега никој не ја презел одговорноста за нападот во Кундуз.
Претседателските избори во Авганистан би требало да се одржат во април идната година, а сите странски сили ќе ја напуштат државата до крајот на 2014 година.