Двајцата авганистански претседателски кандидати Абдула Абдула и Ашраф Гани денеска во Кабул потпишаа договор за формирање влада на национално единство.
Договорот, со кој најверојатно претседател на Авганистан ќе стане Ашраф Гани, потпишан е на церемонија во Кабул, и во присуство на новинари.
Вториот круг од претседателските избори беше одржан на 14 јуни, по што двајцата кандидати меѓусебно се обвинија за крадење на гласови.