Во Авганистан киднапирани петмина службеници на Црвениот крст

Од:

Група вооружени лица пред два дена киднапираа петмина службеници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во западната авганистанска провинција Херат, соопшти денеска Кнацеларијата на оваа организација во Кабул.

– Инцидентот се случил на 14 август кога нашиот тим патувал во провинцијата Херат – изјави претставник на Канцеларијата на Црвениот крст во Кабул, додавајќи дека организаицијата се труди „да обезбеди нивно безбедно враќање“.

Киднапираните службеници на Црвениот крст, кои се авганистански државјани, биле пресретнати од групата вооружени лица додека носеле овци на локалните жители. Според претставникот на полицијата во Херат, Рауф Ахмади, киднаперите заедно со службениците на Црвениот крст, ги однеле и овците.

– Можно е киднапирањето да претставува грабеж, а не терористички напад – нагласи Ахмади.

Како што јави ДПА, група талибанци вчера киднапирале 13 лица кои работеле на деминирање на теренот во централната авганистанска провинција Газни. Меѓу киднапираните има и тројца индиски државјани.

Претставник на локалниот гувернер соопшти дека властите разговарале со племенските старешини во регионот од кои побарале да го искористат своето влијание и да издејствуваат ослободување на киднапираните.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски