Шест лица загинаа и 15 се ранети во атентат во градот Пешавар, во северозападен Пакистан, пренесоа американските медиуми. Атентатор самоубиец утринава се крена во воздух меѓу колона возила на пакистанските сили за безбедност во еден од централните реони на градот.
Цел на терористот бил Абдул Маџид Марват, лидер на паравоена полициска сила. Тој, меѓутоа, не настрадал во нападот, соопшти полицијата.
Меѓу убиените има тројца членови на силите за безбедност и тројца цивили, од кои две се жени.
Полицијата смета дека терористичкиот напад е дело на движењето на пакистанските талибанци „Техрик-и-талибан“.