Во Аргентина, куќа се урна поради пет тони отпад на покривот, загинаа четири момчиња

Од:

Четири момчиња загинаа во рушење на куќа во Аргентина на 8 јануари. Жртвите се четиригодишните близнаци Бенисио и Ноа Ниси и нивните браќа Лоренцо дел Рио (6) и Сантино Хардој (10). Инспекторите претпоставуваат дека до уривање на куќата во Ел Јагуел, во провинцијата Буенос Аирес, дошло затоа што момчето на нивната мајка неколку часа пред инцидентот ставил пет тони градежен отпад на покривот од куќата.

51-годишниот сопственик на куќата Каталино Даниел Лопез е осомничен дека го користел рамниот покрив на куќата за складирање на отпад. Семејството се преселило во куќата на Лопез само две недели порано. Лопез се соочува со обвинение за тешко убиство од небрежност, а за време на испрашувањето го искористил правото да молчи, пишува Дејли Мејл.

15-годишникот преживеал

„Моите четири деца починаа, се чувствувам како да умирам. Не сакам повеќе да живеам. Моите близнаци Бенисио и Ноа, и Лоло и Сантино, сите отидоа во рајот. Ме оставија, ангелите на мама, кажете ми дека сето ова е само кошмар“, напиша на социјалните мрежи Памела Ниси, мајката на момчињата.

37-годишната Памела има уште два сина на возраст од 15 и 18 години. Најстариот не живее со нив, но 15-годишниот Валентин бил во куќата во моментот на уривањето. Преживеал бидејќи забележал како паѓа прашина од таванот и отишол да и каже на мајка си што се случува пред да попушти покривот од куќата.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,4 степени во Аргентина

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите го нападнаа како зомби ресторанот каде вечераше Меси-едвај се извлече

Предраг Петровиќ

Поради топлотниот бран првачињата во Аргентина можат да одат на училиште во костими за капење

Ана Ололовска

Исчезнат Аргентинец пронајден во стомакот на ајкула: Семејството го препозна по тетоважата

Ана Ололовска

Навалица на бремени Русинки во Аргентина

Бразил и Аргентина размислуваат за воведување заедничка валута

Ана Ололовска