Во антитерористичката операција во Грозни загинале 14 полицајци

Од:

Руското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во вчерашната антитерористичка операција во Грозни загинале 14 полицајци, пренесе ТАСС.

„Во текот на антитерористичката операција во Грозни загинаа 14 полицајци. Во моментов се разгледува прашањето тие да бидат предложени за државна награда“, посочи прес центарот на министерството.

Министерот за внатрешни работи Владимир Колоколцев денеска свика седница во министерството на која ги истакна професионализмот и хероизмот на полицајците, загинати во извршување на службените задачи.

Претходно беше соопштено за 10 убиени и 28 ранети припадници на полицијата.

Би можело да ве интересира

Мистеријата на најблискиот соработник на Кадиров: Украинците тврдат дека Саидов е убиен, Русите го објавија неговото видео

А1он

Кадиров се заканува: Ќе ги победиме сатанистите

Ана Ололовска

Кадиров ја отфрли мобилизацијата во Чеченија: „Веќе дадовме доволно војници“

Ана Ололовска

Чеченскиот лидер Кадиров се повлекува од функцијата

Ана Ололовска

Чеченскиот лидер Кадиров: Распоредивме сили во Украина, бараме соборување на владата

Ана Ололовска

САД воведоа санкции против чеченскиот лидер Рамзан Кадиров

Жарко Настоски