Во американскиот Конгрес поднесен предлог-закон за повлекување на САД од НАТО

Од:

Републиканскиот конгресмен Томас Маси поднесе предлог-закон во Претставничкиот дом на Конгресот на САД со кој се бара повлекување на земјата од Северноатлантската алијанса (НАТО), соопшти неговиот кабинет. Иницијативата е наречена „Закон за недоверливата организација“.

Предлог-законот наведува дека НАТО е „реликвија од Студената војна“, формирана за спротивставување на СССР, кој се распадна пред повеќе од 30 години. Според текстот, учеството на САД во Алијансата ги чинело американските даночни обврзници трилиони долари.

„Нашиот Устав не го санкционира континуираното учество во странски конфликти; нашите татковци-основачи предупредуваа против тоа. Америка не треба да биде заштитник на светот, особено кога богатите земји одбиваат да плаќаат за сопствената одбрана“, изјави Маси.

Доколку предлог-законот биде усвоен, претседателот на САД ќе биде обврзан во рок од 30 дена да го извести НАТО за повлекувањето на земјата. Предлогот, исто така, предвидува забрана за користење средства од федералниот буџет за финансирање на Алијансата.

Во Сенатот, соодветен предлог-закон поднесе сенаторот од Јута, Мајк Ли, исто така републиканец.

Претседателот Доналд Трамп во повеќе наврати најавуваше можност за повлекување од НАТО, критикувајќи ги сојузничките земји поради недоволни инвестиции во одбраната. По неговите критики, членките на Алијансата се согласија да ги зголемат одбранбените трошоци до 5% од БДП до 2035 година.

Во времето на администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден, Конгресот усвои закон кој му забранува на кој било претседател самостојно да ја повлече САД од НАТО. Сепак, како што објави „Политико“, Трамп би можел да се обиде да најде начин за заобиколување на оваа забрана преку претседателските овластувања во областа на надворешната политика.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Трамп: Изборите во Америка се толку наместени, што не можете ни да замислите

Трамп: Иран нема да има нуклеарно оружје

Москва негира дека пропадна договорот за испорака на дизел за Америка