ВИДЕО: Во Абу Даби експлозии на три резервоари со гориво

Од:

Во индустриската зона на Абу Даби, вториот по големина град во Обединетите Арапски Емирати, дошло до експлозии на три цистерни со гориво по што избувнал пожар.

Според државната новинска агенција на ОАЕ, полицијата соопшти дека на местото пред експлозијата биле видени дронови.

Претходно, портпаролот на Хутите, бунтовничка група поддржана од Иран, објави дека започнува операција против Обединетите Арапски Емирати. Неколку локални медиуми објавија дека пожар имало и на локацијата каде што се гради новиот аеродром во Абу Даби.

Според „Џерусалим пост“, Хутите ја презеле одговорноста за нападот.

Двата пожари се ставени под контрола, а не е забележана поголема штета при експлозии и пожари, пренесува Ал Арабија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Путин се сретна со шефот на Обединетите Арапски Емирати

Ана Ололовска

ОАЕ ќе испратат амбасадор во Иран, градат подобри односи

Ана Ололовска

Бенет во неочекувана посета на ОАЕ

Ана Ололовска

Франција преговара со ОАЕ за замена на руската нафта

Ана Ололовска

Израел го потпиша првиот договор за слободна трговија со арапска земја

Ана Ололовска

Прв случај на мајмунски сипаници во ОАЕ

Ана Ололовска