Во индустриската зона на Абу Даби, вториот по големина град во Обединетите Арапски Емирати, дошло до експлозии на три цистерни со гориво по што избувнал пожар.
Footage from 4 hours ago in #AbuDhabi, #UAE from Snapchat shows a large plume of smoke rising from the area near the reported attack. Footage was taken from https://t.co/TX9XEzHluv pic.twitter.com/9mWdgXRUMW
— Aurora Intel (@AuroraIntel) January 17, 2022
Според државната новинска агенција на ОАЕ, полицијата соопшти дека на местото пред експлозијата биле видени дронови.
Претходно, портпаролот на Хутите, бунтовничка група поддржана од Иран, објави дека започнува операција против Обединетите Арапски Емирати. Неколку локални медиуми објавија дека пожар имало и на локацијата каде што се гради новиот аеродром во Абу Даби.
Според „Џерусалим пост“, Хутите ја презеле одговорноста за нападот.
Двата пожари се ставени под контрола, а не е забележана поголема штета при експлозии и пожари, пренесува Ал Арабија.