Во 2016 година над 700,000 луѓе добиле азил во земјите-членки на ЕУ

Од:

Земјите-членки на Европска унија во 2016 година одобриле азил на двојно повеќе луѓе во споредба со 2015 година, соопшти денеска Евростат.

– Во 2016 година земјите-членки на ЕУ одобриле азил на 710.400 лица, а во 2015 година на 330.000. Повеќе од половината кои добиле азил се од Сирија, а 10 проценти од Ирак и од Авганистан, се наведува во соопштението на Евростат.

Германија одобрила азил на 445.000 лица во 2016 година, трипати повеќе отколку претходната година, а потоа следи Шведска која одобрила азил на повеќе од 70.000 лица и Италија – 35.500 луѓе.

Најголеми шанси за добивање на азил имале Сиријците односно 98 отсто од нивните барања биле одобрени, а најмали шанси за азил имале мигрантите од Балканот и од земјите од Јужна Азија.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина