Внимавајте: Може да ви се јави папата

Од:

Оние кои му се обратиле на римокатоличкиот поглавар, нека бидат претпазливи бидејќи папа Франсис би можел да им одговори или да им се јави преку телефон, стои во статијата на италијанскиот весник „Koriere dela Sera“.

Римокатоличкиот поглавар папа Франсис веќе го воодушеви светот, со својата едноставност, лежерен стил и смисла за хумор, а многу лица добија неочекуван телфонски повик од папата, откако му пишале или пак преживеале некоја лична трагедија.

По еден таков втор случаен телефонски повик од папата, водечкиот медиум понуди патокази за оние кои ќе ја имаат таа среќа да им се јави папата, па им порача на читателите да бидат подготвени доколку им заѕвони домашниот телефон.

Седумдесет и шестгодишниот папа, лично го избира бројот и телефонира на старомоден начин, користејќи ги домашните броеви,поради што често знае да ги изненади своите соговорници.

Откако дојде на чело на Ватикан, телефонски ги повика весниците во Буенос Аирес и ја откажа претплатата, како и својот чевлар за да му каже да не изработува црвени папски мокасини, туку да продолжи да ги прави за него вообичаените црни ортопедски чевли.

Бепе Северњини колумнист во „Коriere dela Sera“, во својот текст им порача на оние на кои што ќе им се јави папата, да го сослушаат па потоа да разговараат.

-Бидете природни. Избегнувајте незгодни теми, како политиката или скандалот. Секогаш прашајте како е неговиот претходник Бенедикт. Тоа ќе го усреќи – стои во статијата на Северњини.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска