ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Од:

Како и многу пати до сега, СДС пак избра да молчи кога станува за скандали во кои е фатен неговиот претседател, Венко Филипче. Како многу пати до сега и овој пат во скандалот се вклучени и Филипче и поранешниот претседател на СДС, Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„После златните визи, инвестициите во 50-катницата, приватната забава во луксузен хотел во Дубаи на кои на уво им пее Харис Џиновиќ, сега Филипче и Заев задно уживаат и крстарат на луксузна јахта по Егејското Море. Неколку дена ги прашуваме СДС и Филипче да дадат коментар за овој скандал, да кажат дали јахтата е на Заев и чини 850 илјади евра и со кои пари е купена? Дали можеби со пари од државни тендери?

Но, тие збор не кажуваат. Молкот може да значи потврда на поставените дилеми, но СДС и Филипче им должат одговори на македонската јавност, особено откако за време на нивна власт народот го осиромашија, а државата ја донесоа на раб на банкрот. СДС и Филипче се должни да одговорат, особено што со Заев го продолжуваат блискиот и партнерски бизнис однос, така што во Бугарија имаат фирми на иста адреса, а нивните браќа имаат заедничка фирма за производство на струја.

Дополнителна причина за што должат одговори е тоа што фирмата на Заеви во Бугарија, каде комшија е Филипче, се поврзани со тендери во Македонија, а можеби со пари од овие тендери е купена и луксузната јахта. Врските и бизнис зделките на Филипче со Заев се безбројни и затоа на македонската јавност им должат одговори. Ако продолжат да молчат, СДС и Филипче само ќе потврдат дека се фатени инфлангратно во скандал и луксузни уживања со пари спечалени на сомнителен начин, а можеби и од државни тендери, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите