Претседавачот со Комитетот за надворешни работи во Бундестагот Норберт Ретген бара санкции за Русија поради конкретната поддршка што Москва и ја дава на Сирија при борбите во Алепо каде беа бомбардирани цивилни цели.
Во изјава за „Зи Дојче Цајтунг“, Ретген вели дека нема сомнеж за руската одговорност во извршените воени злосторства и мора да одговара за тоа, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
„Доколку нема последици и санкции за најсериозните воени злосторства ќе биде голем скандал. Воведување економски санцкии нема да даде резултат на краток рок но на долг рок сигурно ќе има некакво влијание на политиката на Путин“, смета Ретген за кого дополнителни воени активности во Сиријја ќе биде погрешна мерка.
Слично размислување со Ретген има и Елмар Брок негов сопартиец од ЦДУ на Меркел кој предходно повика на санкции за Москва. Предходно во средата портпаролот на германското МНР изјави дека нема меѓународен предлог да се воведат санкции за Русија поради нејзината улога во Сирија.
Русија повеќе од две години е под санции од ЕУ и САД поради својот ангажман во Украина а дел од членките на ЕУ пред се Италија со месеци лобира за олеснување на економското ембарго кое што предизвика штети за руската економија но и за економиите на земјите членки на ЕУ.