Властите на јапонскиот град Јокохама по грешка соопштија за истрелување на севернокорејска ракета, пренесоа француските медиуми.
Информацијата избразано беше „закачена“ на Твитер, а подоцна властите се извинија за гафот.
Веста се појави на Твитер во 11,19 часот по локално време. Во неа се кажуваше: „Располагаме со информација дека од Северна Кореја е истрелана ракета. Ве молиме слушајте ги информациите на радио и телевизија“.
Всушност се покажа дека соопштението било претходно подготвено за случај на активен ракетен напад на Пјонгјанг, но било „истрелано“ по грешка на Твитер.
Властите на Јокохама веќе го повлекоа. Јапонија е во состојба на тревога заради заканите на Северна Кореја од последните денови.
Јапонските власти очекуваат Северна Кореја пробно да истрела ракета, но некои јужнокорејски медиуми, меѓутоа, дури споменуваат и нова нуклеарна проба.