Властите на Хонг Конг го обвинија Вашингтон за двојни стандарди

Од:

Шефицата на хонгконшките локални власти, Кери Лам, денеска ги обвини САД за двојни стандарди во одговор на протестите и предупреди дека евентуалните ограничувања за Хонг Конг ќе им наштетат само на САД.

Во оваа поранешна британска колонија од јуни до декември дојде до најголемите демонстрации против кинеската администрација од преземањето на власта во 1997 година. Демонстрациите често пати беа насилни, а во нив повеќе од 9.000 луѓе беа уапсени.

Вашингтон е особено критичен кон одговорот на властите на Хонг Конг на продемократското движење, а американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела објави можност за суспендирање на преференцијалните трговски мерки кон Хонг Конг заради контроверзниот закон за национална безбедност, што Пекинг сака да го наметне.

Лам денеска го критикуваше одговорот на администрацијата на Трамп на протестите низ САД заради полициската бруталност, расизам и социјална нееднаквост.

-Во последните недели јасно ги видовме двојните стандарди што се применуваат, изјави Лам пред новинарите, додавајќи дека се „гледа како локалните власти реагираат на протестите во САД“.

„И потоа во Хонг Конг, кога имаме слични протести, ја гледаме позицијата што тие ја заземаат“, рече Лам.

Француските медиуми соопштуваат дека кинеските и хонгконшките власти ги искористиле протестите во САД за да го оправдаат задушувањето на продемократското движење во Хонг Конг и нацрт законот за безбедност на автономната територија.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија