Владините сили презедоа важен град во јужна Сирија

Од:

Сириската армија презеде денеска стратешки важен град во јужниот дел на земјата по двомесечните борби со бунтовниците, изјавија претставници на опозицијата.

Преземањето на Хирбет Газале, кој се наоѓа на патот за Јордан, може да им помогне на владините сили да ја вратат контролата врз меѓународната транзитна маршрута.

Бунтовниците го загубија градот, откако сирискиот опозициски воен совет, кој е поддржан од Јордан, не успеа да им достави оружје.

Според локалните бунтовнички команданти и активисти тоа предизвикало незадоволство меѓу опозициски борци, кои чувствуваат недостиг на поддршка од Јордан во нивните напори во борбата против силите на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија