Владејачката партија победи на изборите во Бангладеш

Од:

Партијата на премиерката на Бангладеш Шеик Хасина Вазед победи на парламентарните избори со огромно мнозинство, соопшти денеска изборната комисија на земјата.

Коалицијата „Голема алијанса“, предводена од владејачката партија „Народна лига“ (Лига Авами), освои 287 од 298 места, за кои се објавени резултатите од изборите за 300-члениот Парламент на земјата. Главната опозициска сила – Националната партија на Бангладеш освои само шест места.

Изборите беа нарушени со насилство и критики.

Камал Хосаин, лидер на опозицискиот Фронт за национално единство ( Џатија Ојкија Фронт) го нарече гласањето „смешно“ и се закани дека ќе ги оспори резултатите.

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници