Владејачката партија на Шпанија со закани до Пуџдемон

Од:

Каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон ризикува да заврши како негов претходник во 30-те години од минатиот век доколку се обиде да прогласи независност на Каталонија, изјави портпарол на шпанската владејачка партија.

– Се надеваме дека утре ништо нема да биде прогласено, бидејќи тој што ќе прогласи независност ќе заврши како тој што прогласи такво нешто пред 83 години, изјави Пабло Касадо, портпарол на владејачката Народна партија.

Касадо навести на Луис Компанис кој прогласи независност на Каталонија во 1934 година, но малку подоцна бил уапсен. Шест години подоцна бил егзекутиран од диктаторот Франко.

Касадо нагласи дека мислел на „апсење, а не на егзекуција“, но неговата изјава предизвика негодување кај политичарите во Каталонија кои се за независност.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски