Владејачката коалиција на Меркел ги загуби изборите во Долна Саксонија

Од:

Германската опозиција на левиот центар освои минимална предност пред коалицијата на канцеларката Ангела Меркел на вчерашните избори во Долна Саксонија, и на тој начин и нанесе удар пред изборите на кои оваа година ќе се обиде да освои трет мандат.

Опозициската коалиција на Социјалдемократската партија и на Зелените освои само едно пратеничко место повеќе во Парламентот на северозападниот германски регион, во кој живеат осум милиони жители.

Со Долна Саксонија десет години управува коалицијата на конзервативната Христијан-демократска унија на Меркел (ЦДУ) и Слободните демократи, истите партии кои формираат национална Влада.

Меркел ќе се обиде да освои уште еден четиригодишен мандат на функцијата канцелар на парламентарните избори во септември.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски